Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пронајдени дрога и дигитални ваги во Пробиштип и Злетово, уапсени три лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryejgom1t7a2skcoMzq55

Три лица се лишени од слобода по полициски претреси во Пробиштип и во селото Злетово, при што биле пронајдени марихуана, грутчеста материја, семки од канабис и предмети поврзани со мерење и подготовка на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На 11 октомври, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, заедно со екипи од полициските станици во Пробиштип, Берово, Делчево и Виница, ги лишиле од слобода М.А. (34) и К.А. (30) од Злетово, како и К.Т. (23) од Пробиштип.

— реклама —

При претрес на домот на М.А. во Злетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени грутчеста материја и дробилка. Во домот на К.Т. во Пробиштип, исто така со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Во домот на К.А. во Злетово, каде што претресот бил извршен со судска наредба во негово отсуство, но во присуство на неговите родители, биле пронајдени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од канабис, две дигитални ваги, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со траги од оваа супстанција.

— реклама —

Додека траел претресот, К.А. со возило пристигнал пред дворот на домот, по што бил лишен од слобода.

— реклама —

Против тројцата е поднесена кривична пријава според член 215 од Кривичниот законик. На К.А. му е определен притвор во траење од 30 дена, по одлука на судија на претходна постапка, и тој е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 24 минути

— реклама —
media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 25 минути

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 26 минути

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз деца, родители и полициски службеник – полицијата со повеќе пријави за насилство низ Македонија

Македонија | пред 28 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања