Пронајдени над 100 килограми марихуана во пловен објект на брегот на охридското езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
106499611_316788612684269_8913961431645624114_n

Полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија –Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга како резултат на претходно преземени мерки и активности на 30.06.2020 година во раните утрински часови на регионалниот пат Струга -Охрид во близина на месноста викана ,, Рампа,, кај Струга во пловен објект на брегот на езерото пронајдоа седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100

— реклама —

килограми.

Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место , а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурсорси,, по член 215 од Кривичниот Законик Република Северна Македонија.

— реклама —

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања