Пронајдени над 15.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, приведено едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
2020-12-22_13-13-04

Денеска околу 10.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.

— реклама —

З.К. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања