Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пронајдени неексплодирани бомби и гранати во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
bombaaa
Илустрација

Регионалниот ЦУК Тетово денеска информира дека преку Е - 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација дека биле пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС), стари бомби и гранати, во Гостивар, конкретно на улица „Илинденска“ број 201 од страна на службено полициско лице од СВР Тетово. При информативната координација од страна на ЦУК преку РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар, се известени одговорните од Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Гостивар, а и други институции од Системот за управување со кризи (СУК). Притоа ЦУК е известен дека, бидејќи подрачно одделение ДЗС Гостивар нема стручни лица за деминирање – пиротехничари, ќе стапат во контакт со пиротехничари од Кичево за безбедно да се отстранат неексплодираните убојни средства во Гостивар.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Инаку, и додека пристигнат пиротехничарите, а и додека работат, полицајците од СВР Гостивар ќе го обезбедува местото каде што се наоѓаат неексплодираните убојни експлозивни материјали во Гостивар.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања