Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Пронајдени тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
tela

Индонезиски спасувачи открија тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси, кои настрадале во земјотресот во петокот, соопшти претставничка на локалниот Црвен крст.

— реклама —

Аула Ариани прецизира дека 86 студенти, кои учествувале на миса во областа Сиги Биромару, во северниот дел на островот, прво се сметале за исчезнати.

— реклама —

– Спасувачките екипи открија вкупно 34 тела, изјави таа, и додаде дека локацијата на која работат спасувачките екипи е тешко достапна и најголемиот проблем е што треба да се движат пеш по кал час и половина, носејќи ги телата.

Според податоци на индонезиските власти, во земјотресот и цунамито загинале најмалку 844 лица, но бројот на жртвите не е конечен затоа што спасувачките екипи се уште не стигнале до некои од тешко достапните области.

— реклама —

Островот Сулавеси беше потресен од земјотрес во петокот со јачина од 7.5 степени според Рихтер, епицентарот на земјотресот беше на 10 километри под површината на островот, предизвикан од цунами.

— реклама —

Жителите на островот се уште чувствуваат исклучително силни земјотреси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања