Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пронајдени хероин, марихуана и прашкаста материја кај тројца скопјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
heroin-111

На 21.01.2019 година околу 16.25 часот, на излезот од Штип кон Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, како и преглед на патниците А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје. Притоа, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип. По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања