Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Пропадна обидот на Комерцијална да ја купи Стопанска АД Битола: акционерите ставија кочница, а банката е стабилна и сигурна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-42-5960PM

Пропадна обидот за спојување на Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола. Понуда за преземање била прифатена од 149 сопственици на обични акции со право на глас, кои поседуваат вкупно 176.154 обични акции, односно 45,0548% од сите акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

— реклама —

Причина за неуспешност е тоа што не се изјаснија позитивно по однос на понудата на Банката доволен број акционери кои поседуваат обични акции со право на глас, односно во законски утврдениот рок до 22.09.2024 година не дадоа Изјава за прифаќање на понуда за откуп по цена од 3.200 денари по акција.

— реклама —

Ова доаѓа откако од „Пелистерка АД“, како носители на акции укажаа на помалите акционери дека понудата од Комерцијална банка за откуп на акција по 3100 денари е несоодветна и не е ниту близу до вредноста на акциите на банката утврдена со финансиските извештаи од 2022 и 2023 година.

— реклама —

„Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката. Дополнително сметаме дека бројот на вработени во Стопанска банка АД Битола целосно е во согласност со деловните потреби за опслужување на сите клиенти и воопшто не сме согласни како квалификувани акционери дека по евентуалното преземање само дел од вработените би биле преземени, а мнозинството отпуштени. Ова едноставно не е прифатливо како за нас, така и за економијата на пелагонскиот регион и особено за градот Битола од каде што доаѓаат најголемиот дел наши вработени. На крајот сакаме да потенцираме и да укажеме дека Стопанска банка АД Битола е по многу нешта најстабилната и најсигурната банка во Македонија имајќи во предвид дека најголемиот дел од пласманите се до државни обврсници“, информираа претходно од „Пелистека АД и фирмата „ТИМОХ ДОО“.

— реклама —

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-42-5960PM

Пелистерка АД: Понудата на Комерцијална за откуп на акциите на Стопанска банка АД Битола не е соодветна со вредноста на банката

„Како носители на 21.85% од акциите на Стопанска банка АД Битола, сакаме да укажеме на севкупната македонска јавност, но и на сите други помали акционери дека понудата од страна на Комерцијална банка од 3200 денари по акција е целосно несоодветна и не е ниту блиску до книговодствената вредност на акциите на банката утврдени со ревидираните финансии извештаи и тоа за 2022 година на 4789 денари, а за 2023 година на 4327 денари“, велат од Пелистерка АД Скопје, заедно со поврзано правно лице ТИМОХ ДОО Скопје, во својство на квалификувани акционери во Стопанска банка АД Битола со 21.85% од акциите и додаваат:Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката.Во јавно објавениот документ наречен „Проспект за преземање на Стопанска банка АД Битола“ се поместени извештаи од меѓународни ревизори кои само ги потврдуваат политиките на добро управување со Стопанска банка АД Битола, укажуваат на транспарентно и успешно работење во интерес на коминтентите и сите акционери. ВО истиот документ понудувачот, Комерцијална банка наведува дека ефектот за нив доколку ги купат сите акции на Стопанска банка АД Битола, ќе изнесува 440 милиони денари односно консолидираната добивка за 2025 со што и самите укажуваат дека реалната вредност на акциите во моментов е далеку над 4000 денари по акција.Како квалификувани акционери исто така укажуваме дека доколку се отфрли понудата на Комерцијална банка, наредната 2025 е година во која исплатата на дивидента од добивка е сигурна за сите акционери во Стопанска банка АД Битола. Извештаите за биланс на состојбата како и оној за сеопфатна добивка само го потврдуваат ова сценарио.Дополнително сметаме дека бројот на вработени во Стопанска банка АД Битола целосно е во согласност со деловните потреби за опслужување на сите клиенти и воопшто не сме согласни како квалификувани акционери дека по евентуалното преземање само дел од вработените би биле преземени, а мнозинството отпуштени. Ова едноставно не е прифатливо како за нас, така и за економијата на пелагонскиот регион и особено за градот Битола од каде што доаѓаат најголемиот дел наши вработени.На крајот сакаме да потенцираме и да укажеме дека Стопанска банка АД Битола е по многу нешта најстабилната и најсигурната банка во Македонија имајќи во предвид дека најголемиот дел од пласманите се до државни обврсници.Апелираме до помалите сопственици на хартии од вредност во Стопанска банка АД Битола при донесувањето на нивната одлука во однос на продажба на акциите да ги имаат во предвид укажувањата наведени погоре, со цел да донесат информирана конечна одлука пред истекот на рокот на дадената понуда на Комерцијална банка АД Скопје.Исто така укажуваме до сите помалу акционери доколку се соочувате со одреден притисок или некоја форма на неетички комуникации кон вас, ве упатуваме да ни ги пријавите истите со цел да поднесеме како квалификувани акционери официјална пријава до Народна банка на Македонија.Контакт телефон: 02/ 3221 019Емаил: info@pelisterka.com.mk“.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања