Само една компанија доставила понуда на тендерот за набавка на 120 електрични автобуси, но ниту таа не ги исполнила условите, соопшти Министерството за транспорт и врски, кое го поништи постапката за јавната набавка.
Јавниот повик за избор на понудувач беше објавен на 17 јуни, со краен рок за доставување на понудите до 24 јули 2025 година. И покрај тоа, понуда доставила само една фирма.
По извршената евалуација, Комисијата задолжена за спроведување на постапката утврдила дека понудата не ги задоволува критериумите предвидени во тендерската документација.
Министерството информира дека во наредниот период ќе се извршат дополнителни анализи поврзани со набавката на електрични, еколошки автобуси за јавен превоз и полначки станици, по што јавноста ќе биде навремено известена за понатамошните чекори.