Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, препораките на Комисијата се на принцип на реципроцитет, вели Николова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
FUVNf_5WQAAloQ3

„Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк паднаа во вода“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

— реклама —

Со месеци ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинуваа, клеветеа, ширеа вознемиреност меѓу граѓаните, за да на крајот нивните лаги пукнат како меур од сапуница.

Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, стана јасно дека во препораките нема ништо спорно и затскриено.

— реклама —

Станува збор за две групи препораки - за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.

Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада.

— реклама —

Препораките се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и тие воопшто не ги допираат идентитетските прашања.

На овој начин се затвора уште едно отворено прашање, а при тоа македонскиот идентитет, македонската посебност за целосно заштитени.

— реклама —

Истовремено се покажа дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните за наводна асимилација и бугаризација се со единствена цел да се наруши процесот на решавање на отворените прашања.

За разлика од антидржавничкото и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, Владата предводена од СДСМ го штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања