Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarya5gjc9ikom1f0MhEHSn

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку, како што рече, сопствената медиумска пропаганда се обидува вината за застојот на реформите да ја префрли врз Европска Унија.

Филипче оцени дека наместо резултати и исполнување на реформската агенда, јавноста е сведок на политички спинови и манипулации.

— реклама —

„Муцунски грмнал во Брисел, Тимчо. Ова веќе звучи смешно само по себе. Но, она што воопшто не е смешно е дека криминалната група на ВМРО преку нивните медиуми ја обвинува Европската Унија дека не се спроведуваат реформите тука кај нас“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека власта се обидува да создаде впечаток дека Брисел е виновен за неисполнетите обврски на државата во евроинтегративниот процес.

„Кој е овде луд? Тие ништо не работат на реформите, па им е виновна Европската Унија? До вчера ние бевме виновни за сè. Денес е виновен Брисел и целата Европска Унија“, изјави Филипче.

— реклама —

Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и премиерот Христијан Мицкоски различно комуницираат пред домашната јавност и пред европските институции.

— реклама —

„Муцунски, исто како и Мицкоски дома, пред македонските граѓани зборуваат едно, но во Брисел зборуваат друго. Не ги исполниле реформите и немаат што да бараат во Брисел“, рече Филипче.

Тој оцени дека информациите кои, како што наведе, излегуваат „од кујната на ВМРО“ служат за создавање поделби и манипулација на јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања