Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73.2 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0638

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија во градските подрачја живородени се 11 224 деца или 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 424 или 39.8% деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.9 % а најмало Источниот регион со 6.3 %.

— реклама —

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја е 29.9 години, а во селските подрачја 28.4 години. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја е 28.3 години, а во селските подрачја 26.0 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.3 години.

— реклама —

Во градските подрачја умреле 17 955 лица или 63.0 %, а 10 561 лице или 37.0 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупното број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.6 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.3 %. Во градските подрачја има 54 умрени, додека во селските подрачја 31 доенче.

— реклама —

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73.2 години, а во селските 73.3 години. Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -6 731 лице, a во селските подрачја-3 137 лица.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од град во село, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од град во село, најголемо учество има Источниот Регион со 49.2 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 52.2 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 1 296 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -51 лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања