Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Прославен 31. роденден на Армијата, Петровска им порача дека се едно семејство професионалци на кои се горди сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Денеска на Воениот стадион, во пресрет на утрешниот Ден на Армијата, вработените во одбраната и припадниците на Армијата со свеченост го прославија 31. роденден на македонската Армија. На настанот беа прочитани и сите унапредени офицери до чин потполковник, како и сите наградени и пофалени службеници во одбраната и припадници на Армијата.

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Министерката Петровска во своето обраќање истакна дека е горда на професионализмот, мотивот и посветеноста со кои започнаа и се реализираат силни реформски зафати во одбраната.

— реклама —

„Еден министер е успешен толку колку што се успешни и соработниците, а фактите покажуваат дека одбраната функционира исклучително успешно и затоа заслугата не е моја, не е на некој поединец, туку на сите нас заедно, затоа што ние сме едно семејство, еден организам кој може да функционира само ако работиме како едно, обединети во нашата заедничка цел“, рече министерката.

Петровска им се заблагодари на припадниците на Армијата зашто секој предизвик го прифаќаат како уште една задача која ја извршуваат максимално посветено, професионално и без двоумење. На службениците во одбраната им порача дека цело е кога има сè и дека како што се внимава на стандардот на припадниците на Армијата, така приоритет е и стандардот, местото и улогата на службениците во одбраната.

— реклама —

„Системот нема да функционира ако не вложуваме и не внимаваме на местото, улогата и стандардот на службениците во одбраната исто колку што внимаваме на стандардот на припадниците на Армијата. Ние сме едно врзано ткиво од кој токму службениците на одбраната се исклучително важен сегмент. Сите вие за мене сте важни и вие сте одбраната на татковината“, рече министерката.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на сите вработени во Генералштабот и Армијата им оддаде признание и благодарност за севкупниот труд, резултати и работа во изминатата година, кои се препознаени и забележани во општеството.

— реклама —

„Изминатиов период постигнавме навистина големи резултати, имаме јасен патоказ, каде треба да ги движиме приоритетите во периодот кој престои, тоа е наш долг и обврска кон идните генерации на нашата татковина“, рече генералот Ѓурчиновски.

Претходно, делегација предводена од министерката Петровска положи венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во чест на бранителите во кругот на Министерството и Генералштабот.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања