Проштална порака на Агелер до граѓаните на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-18-9110PM

Пред три години, како десетта амбасадорка на Соединетите Американски Држави, пристигнав во Скопје, во оваа убава земја, порача Анџела П. Агелер во својата проштална порака. Таа истакна дека тогаш, а и денес, чувствува длабока чест и понизност поради можноста да ја претставува својата земја во Македонија.

— реклама —

Агелер потсети дека на почетокот на својот мандат изразила силна вера во храброста и издржливоста на граѓаните на Македонија, вера која, како што нагласи, во изминатите три години постојано се потврдувала, обновувала и зајакнувала. Таа додаде дека верувала оти токму тогаш е вистинскиот момент да се направи суштинска разлика – во јакнењето на економскиот раст, енергетската независност, судскиот интегритет, образованието, културната отпорност и европската интеграција. Во дел од тие области, како што наведе, заедничката работа донела конкретен напредок, додека во други останува уште многу да се направи.

— реклама —

Говорејќи за одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија во 2025 година, Агелер нагласи дека партнерството меѓу двете земји трае повеќе од три децении и претставува пример за сила, компромис и трпелива решителност. Според неа, изминатите три години покажале конкретни и опипливи резултати од вистинското пријателство и конструктивното партнерство.

— реклама —

Таа како примери ги наведе реалните планови за исполнување на обврските во рамките на НАТО, набавката на современи тактички возила и нивното учество во големи мултинационални воени вежби, како и напредокот на најголемиот инфраструктурен проект во земјата, кој треба да ги отвори стратешките коридори 8 и 10 и да придонесе за поголема регионална безбедност и трговија. Агелер истакна и дека партнерството значи јавно соочување со корупцијата и криминалните структури, поддршка на судските реформи и санкционирање на оние кои со години ја злоупотребувале довербата на граѓаните.

Во пораката таа нагласи дека соработката опфаќала и создавање можности во заедници каде надежта била ослабена, поттикнување реален економски раст, развој на енергетски и инфраструктурни проекти, како и соработка во области како технологијата, здравството, транспортот, безбедноста, образованието и заштитата на животната средина. Посебно ја истакна и грижата за културното наследство, кое, според неа, претставува светско богатство.

Агелер оцени дека во текот на трите години, соработката меѓу двете земји прераснала во вистинско и длабоко пријателство со граѓаните низ целата држава. Таа се потсети на посетите на училишта, цркви, судови, домови, фарми и винарии, како и на отворените и искрени разговори за прашања од заедничко значење, дури и кога не постоело целосно согласување. Граѓаните, како што наведе, со неа ги споделувале своите соништа, визии, разочарувања, но и тагата по загубените најблиски.

„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината убавина, историја, традиции и култури, но и нејзините противречности, издржливоста и хуморот на луѓето и во најтешките моменти“, порача Агелер, додавајќи дека ја напушта Македонија со чувство на длабока благодарност за добрината, дарежливоста и силата на нејзините граѓани.

На крајот, таа порача дека Соединетите Американски Држави секогаш ќе стојат покрај Македонија, поддржувајќи ја визијата за посилна, попросперитетна, побезбедна и целосно интегрирана евроатлантска држава. „Ова е ваша земја и секој од вас заслужува таа да биде земјата за која сонува. По три години, сè уште ја носам истата силна вера во храброста и силата на нејзините луѓе“, порача Агелер, завршувајќи со охрабрување граѓаните да бидат здрави, храбри и силни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

540681964_1190004969833007_8869005780719172655_n

Американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридорот 8: „Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-13.52.11

Агелер не коментира зошто министерот за труд Лимани не доби виза, Мицкоски смета дека е непристојно да ја надсинхронизира

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-19-8560PM

Агелер очекува да се почитува законот при разрешување на членови од Судскиот совет и Коцевски

Македонија | пред 11 месец

grubi-ageler

Агелер фрли ракавица: Ако доказите за Груби и Беџети се достапни за САД, тогаш се и за македонските институции и судство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања