Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
261118OA-MNR_Dimitrov_prostalna-sredba-Crna-Gora-8421

— реклама —

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

— реклама —

На средбата соговорниците разменија мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.

— реклама —

Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и  се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сèвкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен  успешен,  професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања