Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Просветните работници протестираат - бараат повисоки плати и сигурни работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
prosvetni-rabotnici

Под мотото „Пристојна плата- сигурни работни места“, вработените од јавниот сектор, образованието, културата и науката, денеска на протестен марш низ Штип. Тие остануваат на своите барања за покачување на платите, во спротивно се закануваат со генерален штрајк во администрацијата и образованието.

— реклама —

„Покачување на платите од јануари 2019, согласно процентот по кој е покачена минималната плата, стоп за трансферот од јавен во приватен сектор.“ - вели Благоја Ралповски претседател на КСС.

— реклама —

„Доколку имаше слух владата, ние немаше и во Прилеп да протестираме и денес, но очигледно е дека овие луѓе, но и луѓе во јавната администрација се незадоволни од состојбите и по вакво лошо време се охграбрија да излезат на јавен протест.“ - вели Јаким Неделков претседател ан СОНК.

— реклама —

Учесниците на протестот не се оптимисти дека барањата ќе им бидат прифатени, но тие како што велат повторно ќе излезат на улица затоа што платите им се ниски и недостојни за живот.

На списокот барања се и потпишување на колективни договори за високото образование и вработените во Министерството за труд и социјала, но и стоп за селекцијата на синдикатите во културата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања