На една недела пред Нова година, скопската градоначалничка не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромаво украсен, а подобро изгледа дури Крива Паланка за која на шега, ќе речат: „Подобро таму да славиме Нова година“.
Веќе е извесно кој ќе биде на скопскиот плоштад за Нова година. Главната ѕвезда е поп пејачката Елена Ристеска. Ќе настапи и бендот „Дупер“, како и „Сауд парк“. За да се запее нешто народно ќе се погрижат „Мерак меана“.
Ова се неофицијални информации, кои Градот Скопје ниту ги негира, ниту ги потврдува.