Промени тема
Контакт

Протест на Левица за реконструкција на регионалниот пат Богданци - Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest

Овој протест има цел да алармира до власта и пратениците од југоисточниот регион за катастрофалната состојба во која се наоѓа регионалниот пат Р 1109, делница Богданци-Гевгелија, вели Левица.

„Овој патен правец, кој народот од југот го нарекува и ,,Патот на Смртта“, претставува закана за безбедноста на жителите од овој регион, но и сите кои транзитираат на овој потег, со десетици сообраќајни несреќи изминативе години, за жал дел и со кобни последици.

— реклама —

Секојдневното транзитирање низ оваа патна делница предизвикува и големи оштетувања на патничките возила на граѓаните, кои претставуваат дополнителен финансиски товар врз нив.

Економскиот развој на југоистокот, исто така, зависи од реконструкцијата на Р 1109. Оваа патна делница поврзува три гранични премини, со што претставува важен економски фактор во овој регион. Пат кој ги поврзува општините Гевгелија, Богданци и Дојран и кој има директно влијание за преку 30.000 граѓани.

Со овој протест целиме кон тоа да ги разбудиме надлежните државни институции, поточно Агенцијата за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, да ги реализираат предизборните ветувања од 2020 година на пратеничките од владејачкото мнозинство.

— реклама —

Левица - Богданци и Левица - Гевгелија повикуваат сите масовно да излеземе на протест, на 26.06.2022 (недела) во 18 часот, на раскрсница кај Стојаково-Богданци-Ѓавато (кај бензинска пумпа Шимов), за доброто на сите нас“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања