Протест на свадбарските работници од Битола, бараат државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PROTEST-2

Свадбарските работници од Битола излегоа на мирен протест на Широк Сокак барајќи од државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби и да донесе протоколи за нивно одржување. На протестот излегоа угостители, музичари, фотографи, цвеќари, лица кои даваат кетеринг услуги, слаткари, златари и од други дејности поврзани со свадбите, објави СДК.МК.

— реклама —

„Има музичари кои работат дополнително нешто друго, но има и такви кои егзистираат само од свадби и веселби“, рече Заит Алиу, иницијатор на неформалната група „Свадбарски работници“.

По нивни проценки, во земјава има над 20.000 музичари, а годишно се прават 15.000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и тие сега се откажани.

— реклама —

Протестот го поддржа и Здружението на естрадни уметници на Македонија. Музичарот Благоја Грујовски рече дека музичката дејност во земјата во 90 проценти егзистира од свадбите, објави СДК.МК.

фото: СДК.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања