Земјоделците излегоа на протести. Тие излегоа со трактори накитени со знамиња со сонцето на Вергина и транспаренти со повици за оставка на власта. Повеќе здруженија на лозари, овоштари, сточари, млекари, од разни делови од земјава се екипираа во центарот на Скопје и заеднички тргнаа на протестен марш, против, како што рекоа, погубните аграрни политики на власта. Тие порачаа :
„Нема да се откажеме, се дури не падни оваа влада!!“

Уште пред да стигнат до владата, во знак на револт, пред полициските штитови и оклопни возила на мостот Гоце Делчев, истурија неколку килограми грозје и јаболка. Цело време толпата скандираше „Оставка“.
Земјоделците побараа редовна исплата на субвенциите, мерки за поддршка на нивната дејност и повисоки откупни цени за да не им скапува родот по нивите.
На протестот присуствуваа и лица кои не се производители, но велат излегле на марш за да дадат поддршка за спас на земјоделството.
Од министерството за земјоделство велат исплатата на субвенциите е редовна а за две и пол години само по таа основа државата исплатила 314,5 милиони евра.
На протестот излегоаа и земјоделци членови на СДСМ. Еден од нив вели:
- Наместо да се занимаваат со убедување на земјоделците да не излегуваат на протести нека седнат и нека сработат несто во корист на земјоделците и на граѓаните, рече земјоделецот кој денеска протестираше пред Влада, а кој воедно извади и членска книшка на СДСМ за да докаже дека е нивен член и активист.
Тој посочи дека има многу земјоделци кои сакаат да присуствуваат на протестот, но кои не дошле затоа што се плашат, бидејќи од власта и вршат големи притисоци, објави курир.мк

https://www.facebook.com/igor.bozinovski.5/posts/3458071490869979