Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Протест пред МВР: Росица немаше да биде убиена ако се постапувало, бараме одговорност од обвинители, судии, полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryn5vlo6dr4h2u11n4JSq

Пред МВР, граѓани се собраа на протест бидејќи сметаат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија. Иницијалната каписла за ова е убиството на Росица Коцева од Велес, убиена заедно со нејзиниот татко, од страна на поранешниот парнтер Илија кој се самоубил. Присутните упатија барања, „институционална одговорност и санкции, бараме оставки дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа“. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот се скандираше: „Ниту една повеќе“.

— реклама —

„Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, рече активистка.

— реклама —

„Росица немаше да биде убиена, ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите беа навремени. Доколку сите претходни пријави од нејзиниот убиец, од неговите претходни жртви, беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил ли некој по нив или растела листата? Државата во која живееме, создава совршени услови, насилниците да просперираат, додека ние се плашиме и криеме, додека се плашиме за нашите животи“, додаде таа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања