Промени тема
Контакт

Протест пред Собрание: Вашите закони служат за богатење на политичките бандити на штета на сиромашниот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
49577051_1958370597550146_8010545204576649216_n

Денес пред Собранието на Република Македонија протестираа и иницијативата „99% Македонија“, а организаторите побараа поништување на амнестијата на политичките криминалци, како и ставање крај на расипништвото на политичките и бизнис елити.

„Либерали можеме ли сега да протестираме?“, „Луѓето ги поделивте на сиромашни и иселени“, „Контејнер за секој пратеник“, беа само дел од транспарентите пред Собранието.

— реклама —
— реклама —

„Ги амнестирате криминалите на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ! Ги казнувате продавачите на марули! Наградувате политички бандитизам, а казнувате сиромаштија. Вашите закони служат за една цел: богатење на политичките и бизнис бандити на штета на сиромашниот народ!

— реклама —

Додека 28 години градите споменици и шупливи згради, ги распродавате и последните слободни парцели на градежната мафија; додека дивите депонии неказнето работат, а крупните индустриски гиганти непречено загадуваат; додека лошо ја глумите борбата против рудниците на смртта - НИЕ умираме од загаден воздух и уништена животна средина“ стоеше во најавата на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања