„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Протест пред Владата против отворањето на рудникот Иловица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
protesti

Стотина граѓани денеска излегоа на протест пред владата за да побараат конечно одземање на концесијата за изградба на рудникот Иловица штука, за кој алармираат дека ќе го уништи целиот југоисточен регион. Според нив, иако и е одземена концесијата на Еуромакс рисорсис, таа сега се жали, односно поднесена е тужба и предметот сега е пред Управниот суд.

— реклама —

„Ние сме тука затоа што концесијата за рудникот Иловица Штука се уште не е одземена. Практично се дојде до потпис за одземање на концесијата, односно предлог за одземање на концесијата од министерот за економија Бектеши, но, се уште не е дојдено на Влада да се одлучи, да се земе конечно концесијата за рудникот Иловица-Штука. Но, главната работа е тоа што народот, луѓето не сакаат да има рудник во нашата здрава животна средина“, изјави активистот Стојан Велков.

Проектот Иловица-Штука е проект од национално значење. Исто така тој е најголемиот проект за странски директни инвестиции во Македонија, велат во писмено соопштение за медиумите од компанијата Еуромакс рисорсис, по денешните протести на граѓаните пред Владата.

— реклама —

„Направивме повеќегодишни истражувања на влијанијата врз животната средина, дизајнирање на проектот, спроведување проценки на влијанието и работење со локалната заедница за да го подобриме дизајнот. Еуромакс е посветен на заштита на животната средина и одржливоста на проектот. Ниту еден научник или инженер не смета дека има безбедносни проблеми со рудникот. Рудникот ќе ги користи најновите технологии од Америка и Европа и ќе финансираме независно тестирање за да се обезбеди дека се придржуваме на нашите ветувања“, велат од компанијата.

Додаваат дека разбираат оти локалните земјоделци се горди на своите производи и тоа нема да се промени.

„Нема да има влијание врз земјоделството. Проектот нема да ја намали водата за наводнување. Нема да загадува. Тоа нема да ги намали приносите на земјоделски култури. Нема да влијае на органското земјоделство“, тврдат од компанијата.

фото: Сител.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања