Во сабота со почеток во 12 часот жителите на главниот град ќе протестираат пред Инспекторатот на Град Скопје поради загадениот воздух. Тие се организираат преку социјалната мрежа Фејсбук каде е најавен протестот.
„Да СТАНЕМЕ сите за чист ВОЗДУХ! За НАС, За ТЕБЕ, За Мене, За НАШИТЕ дома, за НАШИТЕ деца, За СИТЕ НАС!
Протестот НЕ Е политички организиран! Организиран е од МЕНЕ, од ТЕБЕ, ОД твоето ДЕТЕ, ОД твоите МАЈКА и ТАТКО, од СИТЕ нас!“, стои во објавата.