Промени тема
Контакт

Протестите не беа за европскиот предлог туку неуспешен обид за рушење на Владата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protesti-sobranie-5

Протестите на антиевропската коалиција предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица не беа прориц последниот европски предлог туку нивната заднина беше неуспешен обид за рушење на Владата, вели СДСМ.

„Сега кога информацијата за европскиот предлог е во Собранието, сите тоа јасно можат да го видат.

— реклама —

Крвавите сценарија со намерно создавање тензии, конфликти, загрозување на стабилноста во државата се всушност борба за гола власт.

— реклама —

За свои лични цели, Мицкоски заедно со Апасиев беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Не успеја овие сценарија кои беа помогнати и од Алијанса.

Сега е одговорност на Собранието и избраниците на граѓаните да донесат одлука за иднината.

— реклама —

Сите политички чинители во државата сега треба да покажат одговорност, да придонесат важната државна одлука да биде донесена во демократска атмосфера.

— реклама —

Сериозни времиња бараат одговорни политичари.

Наместо насилство и дестабилизација да избереме хармонија и просперитет, во спротивно губитник е Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања