Промени тема
Контакт

„Протестот е граѓански, луѓето се револтирани затоа што ова се прави под маса“, вели Мисајловски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
10

На протестот нема само членови од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, таму има и членови од сите партии, има луѓе што се аполитични, луѓе што прв пат ги гледам јас, но може да видиме и активисти на СДСМ или членови од нивното бишво раководство. Овој протест е граѓански. Ние веќе неколку дена протестираме, јас пред малце бев таму тука само што дојдов и повикуваме на разум, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во неговото гостување во емисијата 24 Анализа.

— реклама —
— реклама —

Тој истакна дека поминуваат многу денови, а не можеме да видиме протокол, што ќе има внатре.

— реклама —
— реклама —

Еве повикавме на неколку барања, побаравме лидерска средба, односно средба да се разговара за клучните работи во овој предлог кој што не е прифатлив за нас. Граѓаните се револтирани затоа што ова се прави под маса, се прави многу брзо се прави недоволно транспарентно. Граѓаните не знаат, не веруваат во институциите и за жал можеме да видиме дека народот е изневерен од самите институции. Не може тоа така брзо да се прави, овие консултации требаше да бидат подолго време, да ги слушнат граѓаните, а не само да направат една чек листа дека ги поминале сите партии или сите експерти. Ова се многу сериозни прашања, затоа и вчера претседателот Мицкоски понуди рака повторно да седнеме да разговараме за неколку работи. Не може Македонија да го прифати ова, не може бидејќи влегуваме во слепа улица и тоа треба да го знаат сите до еден, појасни Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања