Против пет лица поведени постапки за нарушување на полицискиот час​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policija-skopje-koronavirus-4

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за превенција и сузбивање на ширењето на заразна болест.

— реклама —

За четворицата обвинети јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

— реклама —

За еден скопјанец, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Делото било сторено така што обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата „Цветан Димов“ за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес. Имено, тој во наведеното правно лице извршувал работни активности само во периодот од 08-16 часот.​

 

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања