Противправно изградиле станбена куќа со деловен простор, на државно земјиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Capture-3

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(56) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „поднесување лажни докази“ и против Г.Б.(29) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во Кратово, на улица „Вера Јоциќ“, на парцела од 51 метар квадратен, сопственост на РС Македонија, пријавените противправно изградиле станбена куќа со деловен простор.

— реклама —

Притоа, пријавените на парцела од 17 метри квадратни, сопственост Ц.В., А.В. и О.В., сите од Кратово, протиправно изградиле пристапни скали до наведениот објект. По ова, во Општина Кратово, во прилог на барањето за легализација на наведениот објект, првопријавениот доставил лажна изјава дека истиот бил изграден во 2010 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања