Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Протокол за Ковид свадби - без оро, без музика и со ограничен број гости

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronasvadba

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Тие сметаат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи, пренесува Сител.

-Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако чќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата немаат никакви ангажмани ниту прилив на пари.

Новиот протокол за работа на рестораните за свадби е изготвен. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број.

Угостителите и свадбарите најавуваат протести следната недела доколку комисијата не ги прифати нивните барања, објави Сител.

фото: Архива

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања