Протоколот - грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-5

Иако поминаа неколку дена од потпишувањето на Протоколот на Македонија со Бугарија, многубројни се сите инстанци на негативни “придобивки”, кои тој ги носи за Република Македонија, вели Левица

— реклама —

„Од правен аспект, со овој Протокол, од страна на Бугарија, се врши грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и со тоа се крши еден од основните принципи во меѓународните односи, имплементиран и во нашиот Устав.

— реклама —

Во Протоколот се наведува дека :

— реклама —

“Двете држави да разменат, согласно член 12 од Програмата меѓу владата на Република

Северна Македонија и владата на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката, копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави”.

Дополнително, во Македонија ќе се контролира искажаните ставови на поединци и организации. Затоа, секоја реакција ќе може да биде санкционирана како говор на омраза. Бугарија ќе има право да контолира кои споменици се поставуваат и какви натписи ќе имаат. Истотака, ќе се има увид во тоа какви книги ќе се печатат во Република Македонија.

Освен јасно изразената цензура на македонскиот народ по терк на колонијалните апетити на Република Бугарија, веќе знаеме дека тие ќе можат да го наметнат сопствениот наратив за македонската историја и култура.

Но, истото тоа нема да важи за Република Бугарија и со тоа се крши - уште еден основен елемент во меѓународното право - реципроцитет.

Жално е што на овој Протокол стои потпис од македонски министер кој доби подршка од пратениците на пробугарското мнозинство во Собранието, со што уште еднаш се покажа какви се амбициите на оваа власт.

Предавнички и врховистички. Пробугарската СДС и терористичката ДУИ се целосно ставени во служба на бугарските интереси“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања