Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Протоколот за крвна плазма готов, засега ни еден пациент нема потреба од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
filipce-2

Протоколот за лекување со крвна плазма е изготвен, но засега кај ниту еден пациент не е препорачан овој вид на лекување.

Ова го истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе почне лекувањето со крвна плазма.

— реклама —

-Готов е протоколот. Засега колку што знам кај ниту еден пациент не е индицирано такво лекување. Има некои други терапевтски протоколи коишто се спроведуваат во однос на третманот, пореметувањето на крвта во склоп на третман на другите органски системи, како зајакнување на функцијата на тромбоцитите, подобрување на коагулационите карактеристики на крвта, но досега нема индикација за плазма, одговори Филипче.

Министерот на денешната прес конференција истакна дека не е исклучена можноста хоспитализираните заболени од Ковид – 19 да плаќаат партиципација за болничкото лекување.

— реклама —

-Со одлука на Влада ги покриваме трошоците за сите кои не се здравствено осигурани, но можно е да земеме во предвид и плаќање на партиципација. Ќе направиме финансиска конструкција. Тоа може за неколку дена да биде завршено, истакна министерот Филипче.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања