Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Протуѓер доби условна, Јанакиевски 4 години и 6 месеци за „Титаник“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
titanik-sudenje

Сите обвинети кои признаа вина во „Титаник“, судијата Осман Шабани ги осуди.

Мартин Протуѓер кој се смета за близок на Никола Груевски доби условна казна затвор. Миле Јанакиевски доби казна затвор од 4 години и 6 месеци.

— реклама —

Гордана Јанкуловска која беше министерка за внатрешни работи е осудена на 2 години и 6 месеци. Билјана Бришковска е казнета со условна казна, која ќе биде затвор од две години ако направи исто кривично дело следните пет години. Исто и Катерина Веловска која беше поранешна заменик-министерка за економија доби условна казна. На Киро Тодоровски, шеф на кабинет на Јанкуловска, му е досудена условна казна. Мунир Пепиќ, кој е осуден за “27 април”, сега доби казна затвор од една година. Коста Митровски доби три години затвор.

— реклама —

Обвинетите беа гонети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

— реклама —

Освен тие што признаа вина обвинети во Титаник се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец Едмонд Темелко како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања