Проверете дали сте еден од 117.112 добитници на ваучер од 6.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1159B1F8-EF01-45A9-969D-AFEF63AC7CE3

Конечната листа на 117.122 граѓани-добитници на ваучерите од 6.000 денари за туризам кои треба да ги добијат како дел од третиот пакет на економски мерки на Владата е објавен на веб-платформата domasiedoma.gov.mk koja od deneska e vo funkcija.

— реклама —

Ова денеска го објави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека од  една страна финансиски ќе се помогне на 117.122 граѓани да одат на летување, а од друга тоа ќе го поддржи туристичко-угостителскиот сектор во Македонија, како и  местата кои до сега не беа познати и развиени.

- Завршени се сите постапки и официјално е пуштена платформата со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам. Изготвени се списоците за добитниците за ваучери за домашен туризам, согласно уредбата која ја усвои Владата на Северна Македонија и согласно сите списоци кои беа доставени од Управата за јавни приходи, рече денеска Бектеши на прес-конференцијата.

— реклама —

Добитници на ваучери се вработените лица кои имаат помали приходи од 15.000 денари месечно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања