Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ смета дека поранешните провокации со Бугарија сега се сведени на минимум и дека исполнет е овој предуслов за да се дојде до конечен договор со соседот.
„Нам не ни треба никакво ветување, затоа што сме имале многу, а не се оствариле, и мислам дека јавноста треба не да се вознемирува во таа насока. Наш интерес е да ги почнеме преговорите и во моментот кога ќе ги завршиме сите разногласија со Бугарија очекуваме ЕУ веднаш без одложување, да ги почне преговорите. Односите со Бугарија се смирени, провокациите се сведени на минимум. Генерално не постои негативна комуникација помеѓу двете влади, Тоа значи дека новиот пристап даде резултати и дека успеавме да ја нормализираме комуникацијата таа да се одвива на повеќе нивота, вели Маричиќ.