Првиот AI-форум за бизнис лидери во Скопје ги обедини луѓето што ја обликуваат локалната ИТ бизнис иднина, благодарение на визијата за потребата од ваков настан, и беспрекорната организација од страна на CrazyLabs.
Во организација на CrazyLabs, Crazy for AI: Executive Edition се одржа во Château Kamnik и ги покани бизнис лидерите од ИТ секторот, основачи, академици и претставници од јавниот сектор на отворен разговор за тоа како вештачката интелигенција го менува начинот на кој компаниите водат, создаваат и напредуваат. Настан од ваков тип се одржа за прв пат во Македонија, со цел да им даде можност на учесниците да ги споделат досегашни искуства и идните планови за блиската идина, во која вештачката интелегенција е неизбежна.
Вечерта ја отвори Mинистерот за Дигитална Трансформација, Стефан Андоновски, по што следуваа главно излагање на извршниот директор на CrazyLabs, Sagi Schliesser, разговор со Горан Стојановски и панел-дискусија модерирана од Гораст Цветковски, со панелистите Дамјан Дано,проф.д-р Димитар Трајанов, Наташа Тодова и организаторот Sagi Schliesser.
Разговорот отиде подалеку од ентузијазмот за AI. Се дискутираше за тоа што веќе функционира во реална примена, како Северна Македонија може да премине од аутсорсинг кон развој на сопствени придукти и како компаниите и универзитетите треба да ја подготват следната генерација AI-архитекти.
Главниот заклучок: алатките не се најтешкиот дел. Вистинскиот предизвик е деловната култура — да се промени начинот на кој размислуваат лидерите, се насочуваат тимовите и како регионот ја дефинира својата улога во AI-економијата.
Ова е само прв чекор под покровителство на CrazyLabs кој се надеваме ќе води кон поширока дебата и плодни резултати.
ПР