Промени тема
Контакт

Прв координативен состанок за Богојавление – Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
Vodici-koordinativen_10012025002

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка на најмасовната културно- верска манифестација кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.

Во согласност со традицијата , Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната празнична програма.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Годинава Свети Литургии со почеток во 8:15ч. ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св. Никола-Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала. Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Митрополитот тетовско –гостиварски Јосиф.

— реклама —

Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

— реклама —

Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро. И годинава во организација на Црвен Крст ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот во недела на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

— реклама —

Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 1 година

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 1 година

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања