Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата се во функција и работат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Економско енергетските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, вели СДСМ

„РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија.

— реклама —

Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и работат.

Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот.

— реклама —

Цената на електричната енергија не се зголемува.

ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците.

— реклама —

Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена.

Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

— реклама —

За ранливите категории граѓани се исплаќа додаток од 1.000 денари за поддршка на потрошувачка на електрична енергија, а во октомври 2022 година 46.804 лица добиле ваква поддршка.

СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити фирмите и граѓаните од ценовен шок“, се вели во соопштнието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања