„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Прв состанок на Работната група за креирање на рамка за процесот на ветинг во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-3

Денеска се одржа првиот состанок на Работната група формирана од министерот за внатрешни работи по заклучок на Владата на Република Северна Македонија, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи, односно да изготви предлог - план на мерки, активности и динамика за спроведување на ветингот.

— реклама —

Состанокот го отвори и на него присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со состанокот модерираше државниот секретар на Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги појасни причините од кои произлезе потребата за овој процес, очекувањата ветингот да биде инклузивен, транспарентен и објективен, како и роковите за извршување на поставената задача од страна на Работната група.

— реклама —

Со цел да се обезбеди транспарентност и максимална инклузивност на сите субјекти кои можат да дадат придонес во дефинирање на процесот, Работната група ги  вклучува вработените во МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставниците на меѓународни организации (Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на САД во Скопје), невладиниот сектор и академската јавност. Работата на групата ја предводи и со неа претседава професорот д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

На состанокот се утврдија насоките за понатамошните активности, со цел воспоставување на соодветна рамка за текот на процесот ветинг на вработените во Министерството за внатрешни работи, која ќе ги опфати сите потребни елементи и принципи за ефикасно спроведување на процесот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања