Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Прв веб речник на Македонски знаковен јазик „РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
TalkingHands-PR

Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста. www.znakoven.mk

Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка  на Министерството за Надворешни работи  на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“  и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.

— реклама —

Преку проектот “Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи но и за сите заинтересирани во  Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.

Длабоко сме убедени дека преку овој проект се отвара нова страница во Македонското  општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања