Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Прв хотел за домашни миленичиња во земјава, отворен во Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kucinja-hotel

По примерот на запад и во Македонија е отворен првиот хотел за домашни миленичиња. Сопственик на првиот хотел е Ѓорѓија Нестороски, ветеринарен техничар од Кичево, кој на овој начин сака да ги промени навиките на граѓаните на Кичево, да имаат хуман третман кон кучињата скитници, незгрижените мачки и птиците, објави Нова Македонија.

— реклама —

Овој хотел е само преодна фаза за сите домашни миленичиња, кои тука ќе бидат прифатени, прегледани, вакцинирани и нахранети и истите потоа ќе бидат префрлени во новоизградениот стационар кој ќе биде отворен до крајот на годината.

— реклама —

-За да ги тргнеме кучињата скитници од улица и тие повеќе да не претставуваат закана за недолжните граѓани, во нашиот град го отворивме првиот хотел за домашни миленичиња, каде за почеток веќе се згрижени поголем број кучиња и мачки. Во овој хотел привремен престој ќе најдат сите домашни миленици, каде најпрво ќе бидат прегледани и ќе бидат вакцинирани, а по отворањето на стационарот трајно ќе бидат згрижени во ново адаптираниот објект. Во овој хотел во една симбиоза живеат кучиња и мачки и ако некој има домашен миленик, а има обврски надвор од градот, привремен престој за своето милениче може да обезбеди во нашиот хотел. Се надевам дека по нашите стапки ќе тргнат и други граѓани и ова ќе биде практика за идните генерации-вели сопственикот на хотелот.

— реклама —

Нестороски додава дека во хотелот можат да бидат прифатени само кучиња кои веќе имаат идентификациски броеви, за да може да се евидентираат и да се знае нивниот број, а со отворањето на стационарот ќе бидат повлечени од улица и оние кучиња кои немаат чипови и кои во градот се донесени есенва, бидејќи се работи за многу крупни единки кои не наликуваат на уличните кучиња.

извор: Нова Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања