Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Прва средба на ко претседателите на македонско-руската Меѓувладината Комисија за трговско- економска и научно – техничка соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
71754072_2389386417994018_7064036585515253760_n

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во Москва, Русија, одржа работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината комисија за трговско - економска и научно техничка соработка, Алексеј Груздев.

На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.

— реклама —

Воедно, Димковски и Груздев разговараа и за претстојната 9-та седница на Комисијата која ќе се одржи на ноември во Охрид. Во фокусот на седницата ќе бидат неколку теми, енергетика со посебен акцент на инвестиции во хидроенергетика, гасификација, примена на нови иновативни технологии, туризам и земјоделство. Во рамки на претстојната седница на Комисијата ќе биде одржан и бизнис форум и Б2Б средби меѓу заинтересираните фирми од двете земји, за воспоставување долгорочна соработка. Од руската страна веќе постои интерес од автомобилската индустрија, фирми кои нудат земјоделска механизација, од ИТ секторот, третман на отпад и решавање на проблемите со загадување. Земјоделството како еден од клучните сектори во билатералната соработка ќе биде еден од носечките во идната соработа, имајќи ги предвид можностите за извоз на земјоделско - прехранбени производи кои се во подем и за нив постои голем интерес на рускиот пазар.

— реклама —

Инаку на работниот состанок освен делегацијата од МЗШВ, присуствуваше и претседателот на македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во Мoсква, Русија,

— реклама —

Руската Федерација е значаен трговски партнер на Република Македонија и во 2016 година го завзема 14-то, во 2017 година е на 18-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.

Најизвезувани производи од РСМ во Русија се лекови, а од земјоделски производи се извезуваат кајсии, цреши, вишни, праски, сливи, јаболки, домати, зелка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања