Американскиот претседател Џо Бајден зборуваше по завршувањето на дебатата меѓу кандидатите за претседател на САД, Камала Харис и Доналд Трамп.
Бајден го гледаше првото соочување меѓу претседателските кандидати во Њујорк каде присуствуваше на роденденската забава на неговата внука.
Тој рече дека неговата потпретседателка докажала дека таа е „најдобриот избор“ да ја води земјата.
„Америка вечерва може да види лидер со кој сум горд што соработувам три и пол години. Не беше ни блиску. Харис докажа дека таа е најдобриот избор да ја води нашата нација напред. Ние не сме враќање назад“, напиша Бајден на X.