Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Првиот скандал на Мет Гала: Познатата албанка дојде „гола“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
rita-ora

Ниту оваа година Мет Гала не можеше да помине без модни скандали, а првиот го направи британската пејачка со албанско потекло Рита Ора.

Синоќа во музејот на уметност Метрополитен во Њујорк се одржа познатата Мет Гала. Темата на најголемиот моден настан во светот беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“, каде познатите личности најчесто носеа комбинации со цветни мотиви.

— реклама —

Рита Ора синоќа на црвениот тепих се појави во беж комбинезон кој го носи потписот на брендот „Marni“, јавноста беше шокирана дека таа комбинезонот го носи на гола кожа.

Фотографиите кои стигнаа до социјалните мрежи, особено оние од профилот, јасно открија дека британската пејачка не носи долна облека, а ова беше првиот моден скандал на синоќешната Мет Гала.

— реклама —

Како што можете да видите, Рита ги покрила интимните делови со реси, а целото издание го завршила со ефективна шминка и т.н. „влажна фризура“.

На црвениот тепих друштво и правеа режисерот и нејзиниот сопруг Таика Ваитити, кој за оваа прилика реши да не отстапува од модните правила за машка облека, па така 48-годишниот режисер избра кафеав кожен костум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања