Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Прво го убил таткото, па сопругата, на крај мајка и, а синовите гледале - детали за масакарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
1860095_21321_ff

37-годишниот Горан Јанковиќ изврши масакр во Нови Сад кога упадна во семејната куќа на својата сопруга, 32-годишната Мирјана Јанковиќ и ги уби нејзините родители и неа.

За трагедијата да биде помоголема, злосторството го гледале синовите на Горан и Мирјана, а постариот син успеал некако да дојде до телефон и да му се јави на вујко му за помош. За жал, било предоцна.

— реклама —

Вујкото Младен стигнал за неколку минути до семејната куќа, но додека чекорел во дворот забележал крв, а во домот го дочекала хорор сцена.

Полицијата претпоставува дека убиен бил прво таткото на Мирјана, потоа Мирјана и на крајот и нејзината мајка. Најужасно е што децата биле присутни. Кога упаднал дома, еден од синовите бил со мајката во соба, а другиот со бабата.

— реклама —

Бабата ја убил во дворот, додека телата на Бранислав и Мирјана биле пронајдени во куќата.

Сосетката вели дека последните зборови на бабата биле: „Зете, задоволен ли си сега“? и додала дека тие биле семејство за пример.

— реклама —

Горан инаку работел во вулканизер, а ако се суди според изгледот на нивниот дом, станува збор за имотно семејство.

Пријателите на семејството рекле дека Горан и Мирјана неколку пати се разделувале и смирувале,, затоа што тој бил насилен.

— реклама —

-Кога го роди првото дете, замина од него и некое време живееше кај родителите. Не ја оставаше на мира, ѝ се закануваше и ја молеше да му се врати, на крајот му се врати и повторно остана бремена. На нејзините маки немаше крај и неодамна повторно се врати кај нејзините - раскажал пријател на семејството, напоменувајќи дека Горан велел дека ќе ѝ го убие целото семејство.

Горан во моментов е во бегство, а полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања