„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Прво место за академскиот скулптор Александар Ефтимовски на биенале на скулптура во Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
1

Во учеството на петтото издание на Биеналето на Скулптура Огрове, во конкуренција од 33 интернационални скулптори, Александар Ефтимовски го зема првото место за делото со наслов “Испреплетено”. Ефтимовски во периодот на неговиот престој во Огрове изработи скулптура во гранит (фото) која ке биде трајно поставена во градот.

— реклама —

Ова не е прва награда што тој ја освоил во Шпанија. Во 2014 тој го освои второто место на Симпозиумот на скулптура во Гилена, каде исто така изработи скулптура во камен со големи димензии. Оваа година Ефтимовски го претстави својот авторски израз учествувајки на фестивали и симпозиуми во Луксембург, САД, Франција и секако Шпанија каде што изработи скулптури во голем формат.

— реклама —

Александар Ефтимовски е визуелен уметник од областа на скулптурата. Тој во неговото творештво како основен материјал за изразување го користи каменот во сите негови бои, структури, цврстини.Александар своето ликовно знаење го стекна на Академиите за уметност во Фиренца и Карара каде магистрираше во 2013.Во годините што следеа тој учествуваше на голем број фестивали и симпозиуми на скулптура, како и во голем број групни изложби на повеке континенти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања