Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Прво патување на Пендаровски како претседател ќе му биде во Косово, иако сакаше во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Откако Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните изборни резултати, Стево Пендаровски треба да добие уверение дека е избран за шеф на државата.

— реклама —

Утре, пак, Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието, на која ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.

Откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат, првата посета што ќе ја оствари Пендаровски ќе биде на соседно Косово. Пендаровски во предизборието рече дека прва земја која ќе ја посети, доколку биде избран за претседател, ќе биде Брисел.

— реклама —

„Не сакам однапред да се изјаснувам, но или Брисел или некој од соседите оти добрата соработка треба да почне од првиот ред соседи”, рече Пендаровски во предизборниот период.

— реклама —

Досега, потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.

Исто така, присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, со тоа што можно е нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања