Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Прво уставни измени, потоа редефинирање на историјата и идентитетот, до таму е спремен да оди специјалниот пратеник на Радев, Венко Филипче“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryuhht2hfajtvo8Tw60lw

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, е подготвен да прифати уставни измени и редефинирање на македонската историја и идентитет.

— реклама —

„Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче“, изјави Манасиевски.

Тој обвини дека Филипче е „на иста линија“ со Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, како и со бугарската министерка Петрова Чамова, тврдејќи дека тие шират ставови со кои се негира македонскиот идентитет и историја.

— реклама —

Манасиевски посочи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, Бугарија ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес поради сопствени интереси.

— реклама —

„Бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски и сега Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на македонските“, рече тој.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека нема да дозволат, како што велат, „бугаризација“ на македонските историски личности и идентитет.

— реклама —

„Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство“, истакна Манасиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања