Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Првпат се сретнаа членовите на комисијата кои ќе треба да кажат дали бугарските здруженија смејат да ги имаат називите со кои се регистрираа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
05102022_VRSM_Sovetodavno-telo_1

Прва конститутивна седница на советодавното дело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице

Во Владата се одржа првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице.

— реклама —

За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија. Советодавното тело има 7 постојани членови кои се номинирани од самите институции, а 2 дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции зависно од личноста за која ќе се дискутира. Постојани членови за телото се:

1.д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот,,Св. Кирил и Методиј”-Скопје,

— реклама —

2.д-р Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје-за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје-за прашања од нов и најнов век,

3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ,

4.Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура,

— реклама —

5.Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија,

6.Сафет Незири , државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука,

— реклама —

7.Ана Трајчева-регистратор во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на месец март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања