Пари Сен Жермен веќе почна да бара замена за Килијан Мбапе, кој според сите најави е на прагот да замине во Реал Мадрид.
Првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е на мета на Французите, пренесува „Скај Спортс“.
Имено, ПСЖ ќе тргне по Рашфорд доколку добие информација дека Рашфорд е подготвен да го напушти клубот од детството.
Рашфорд и Мбапе созреаа во истиот период, но Французинот стана подобар играч.
Англичанецот иако блескаше минатата година, оваа година повторно се мачи и има пет гола и шест асистенции на 28 натпревари.
Мбапе е многу блиску до потпис за Реал Мадрид и ПСЖ сака да го обезбеди навреме.