Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Птичји грип се шири низ Европа: Нови случаи во Франција, Полска и уште пет земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
pticji-grip

Птичјиот грип повторно се шири низ Европа, а нови случаи се пријавени во Франција, Полска и уште пет европски земји, предупреди Светската организација за здравје на животните (WOAH).

— реклама —

Во северниот француски регион Па-де-Кале е потврдена зараза со вирусот H5N1 на фарма за живина. Од вкупно 4.300 птици, угинале 80, а преостанатите биле усмртени. По појавата на заразата, француските власти ги заостриле заштитните мерки и прогласиле високо ниво на подготвеност, вклучително и задолжително чување на живината во затворени простории.

— реклама —

Полска, пак, го пријавила првиот случај на птичји грип по шест месеци. Заразата е потврдена на фарма за мисирки во североисточниот дел на земјата, каде што имало 18.723 птици. Од нив 587 угинале, а преостанатите биле усмртени според упатствата на надлежните служби.

— реклама —

Според податоците на WOAH, од минатиот петок случаи на птичји грип пријавиле и Италија, Португалија, Холандија, Норвешка и Велика Британија.

— реклама —

Ширењето на болеста во изминатите години предизвика големи загуби во живинарството и нарушувања во снабдувањето со храна, придонесувајќи и за раст на цените. Зголемената распространетост на вирусот го зголемува и ризикот од негово пренесување кај луѓето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

francija-korona

Во Луизијана, првиот смртен случај од птичји грип во САД

Свет | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања