„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Пуцко Петрол ќе инкасира еден милион евра од скопските комуналци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pucko-petrol

Вкупно 75.397.486 милиони денари, односно повеќе од еден милион евра за една година за гориво ќе инкасира компанијата „Пуцко Петрол“ од јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

— реклама —

Според информациите на системот за јавни набавки милионскиот бизнис го добила фирмата Пуцко Петрол од Пласница. Таа има обврска во период од една година да реализира набавка на 80 илјади литри ЕУРОСУПЕР 95, 500 литри ЕУРОСУПЕР 98, 900 илјади литри ЕУРОДИЗЕЛ, 40 илјади литри течен нафтен гас и 100 илјади литри екстра лесно масло за домаќинство.

— реклама —

Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра... На листата на институции на кои „Пуцко – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи.

— реклама —

„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања